петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 81
home Вести

Овие двајца полицајци силуваа тинејџерка, но сега се пуштени на слобода (ВИДЕО)

Овие двајца полицајци силуваа тинејџерка, но сега се пуштени на слобода (ВИДЕО)

Двајца поранешни полицајци во Њујорк добија условна казна, иако признале дека имале сексуални односи со 18- годишна девојка, која ја привеле поради поседување марихуана.

Еди Мартенс и Ричард Хол ја уапсиле лани девојката, а потоа со неа имале сексуален однос во задниот дел на полициското комбе во замена да ја пуштат на слобода.

Тие се осудени на пет години условна казна, иако обвинителството барало една до две години затворска казна. Поранешните полицајци прво биле обвинети за силување, но ова обвинение било отфрлено од судот, поради недостиг на докази иако девојката направила ДНК тест веднаш по силувањето, каде се покажало дека има материјал и од двајцата полицајци.

Веднаш по силувањето во јули 2017-та, тие си дале отказ во полицијата, а во меѓувреме е сменет законот со многу построги правила за полицајци кои силуваат затворенички.

Коронавирус