сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 41
home Вести

Овие 10 земји имаат најмногу починати од коронавирусот: Кина е далеку од нив, а еве кој е на врв на листата

Овие 10 земји имаат најмногу починати од коронавирусот: Кина е далеку од нив, а еве кој е на врв на листата

Бразил стана десеттата земја во светот која по бројот на мртви од коронавирусот ја надмина Кина, епицентарот на глобалната пандемија од Ковид-19.

Бразилското министерство за здравство во средата објавило дека во последните 24 часа починале 449 лица од коронавирусот, па вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 5.466, а заразени се 78.162 лица.

САД го заземаат првото место по број на заразени со 1.056.811 случаи и 61.190 починати од коронавирусот.

Но Европа со вкупно 130.000 починати е најтешко погодена од пандемијата. Италија е прва во Европа по број на починати (27.682), следи Обединетото Кралство (26.166), на трето место е Шпанија (24.275), а четврта е Франција (23.694). Следат Белгија (7.501), Германија (6.405) и Холандија (4.711).

Иран исто така има повеќе починати од Кина, каде има 5.957 починати од коронавирусот, додека во Кина има 4.633.

ЕУРО 2020

Македонија