понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 154
home Вести

Оваа жена го предвиде коронавирусот, еве што најавува астрологот за следниве месеци

Оваа жена го предвиде коронавирусот, еве што најавува астрологот за следниве месеци

Британскиот астролог Џесика Адамс (56) ја предвиде пандемијата од корона вирусот една година порано.

Таа во февруари годинава, го напушти својот дом во Лондон и заедно со своите две кучиња и кокошки се пресели во Тасманија. Ги откажала сите планови вклучувајќи ја и забавата планирана за нејзината најдобра пријателка првиот викенд во март.

Знаев дека нешто ни доаѓа и дека нешто ќе се случи. Го следев сопствениот совет. И навистина бев на време. Понекогаш треба да го чуете алармот порано, и јас тоа и го направив – рекла таа.

Една година порано, Џесика јавно ги истакна нејзините предвидувања дека вирус ќе го нападне светот и како почеток го наведе 10-ти јануари 2020-та година – денот кога беше потврдена првата жртва од ковид-19 во Вухан, Кина.

-Сакав да ги предупредам луѓето – за нивните пензии, заштеди, позајмувањето пари за да бидат подготвени дека светот навистина ќе се промени – додала Џесика.

Инаку астрологот вели дека ќе се бориме против коронавирусот уште некое време и дека нема да има вакцина и едноставно ќе мора да научиме да живееме со него. Таа тврди дека Божиќ ќе биде фантастичен оваа година. Работите ќе почнат да се менуваат четири дена пред Божиќ и сè ќе се врти околу „пријателството и глобалната безбедност“.

Таа е убедена дека ќе има големи промени во глобалната економија. Ќе биде готово со перењето пари, а корумпираните и расипани економски системи ќе пропаднат. Следната година ќе биде време за многу поголеми иновации и изуми отколку што имавме предходните години.

Години наназад таа го предвиде и Брегзит како и големото разделување во британското кралско семејство.

Астрологот прогнозира дека двојката нема да ги „измазни“ односите со Кејт и Вилијам. Им се насмевнува соработка со бизнисмен во врска со работа фокусирана на храна. Следната година ќе остварат голем успех во хуманитарната работа.

За 6 години ќе се реши големата климатска криза, тврди астрологот и порачува дека активистката Грета Тунберг после ова ќе може да живее порелаксирано.

Останува да видиме дали нешто од ова ќе се оствари.

Коронавирус