недела, 25. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Оваа европска метропола преку музички забави ќе ги охрабрува младите да се вакцинираат против коронавирус

Оваа европска метропола преку музички забави ќе ги охрабрува младите да се вакцинираат против коронавирус

Со музика празнична атмосфера Градските власти во Виена сакаат да ги охрабрат младите да се вакцинираат против Ковид-19, јави ДПА.

– Една или повеќе забави за вакцинација ќе бидат организирани во главниот град на Австрија на почетокот на јули, изјави портпаролот на градската влада.

Од вчера и децата и тинејџерите на возраст од 12 до 17 години можат да се пријават на вакцинација. Интересот беше толку голем што беа резервирани 10.000 дози за два часа, јавија локалните медиуми. Пријавувањето за млади на возраст од 18 до 30 години започнува денеска.

Во Виена, 27 проценти од населението веќе поминало целосен циклус на вакцинација.

Коронавирус