сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 52
home Вести

Оваа држава ја продолжи вонредната состојба до крајот на мај

Оваа држава ја продолжи вонредната состојба до крајот на мај

Јапонската Влада денеска донесе одлука за продолжување на вонредната состојба надвор од Токио и Осака и да ја продолжи до 31 мај, во обид да се намали инфекцијата со Ковид-19 и да се олесни товарот на болниците.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга на состанокот на работната група ја официјализираше одлуката за продолжување на ограничувањата за работа на рестораните и другите услуги и за воведување вонредна состојба во префектурите Аичи и Фукуока.

Од 25 април на сила е трета вонредна состојба во Токио, кој ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци, како и во префектурите Осака, Кјото и Хјого.

На рестораните и баровите, сепак, ќе им биде забрането да служат алкохол и мора да бидат затворени до 20 часот.

За непочитување на забраната се казнува со парична казна од 300.000 јени (2.750 американски долари). (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија