понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 116
home Вести

Оваа држава беше жариште на коронавирусот, а сега цел месец нема ниту еден случај, еве како успеа во тоа

Оваа држава беше жариште на коронавирусот, а сега цел месец нема ниту еден случај, еве како успеа во тоа

Австралиската држава Викторија која некогаш беше најголемото жариште на коронавирус во земјата, веќе 28 дена нема пријавено ниту еден нов случај на болеста, што е праг кој се смета за искоренување.

Викторија исто така повеќе нема ниту еден активен случај на болеста откако последниот пациент заразен со коронавирус беше отпуштен од болница во текот на овој месец.

Втората држава по големина во Австралија во август бележеше по 700 нови случаи на коронавирус дневно, додека пак бројот на активни случаи се движеше околу 8 илјади.

Ширењето на вирусот беше сопрено откако беа воведени строги мерки на карантин кои беа на сила околу 100 дена, кога над 5 милиони луѓе беа затворени во своите домови. Карантинските мерки го забавија економското опоравување на Австралија од првата рецесија во последните три децении која беше предизвикана од затворањето во текот на првиот бран.

Сепак, австралиските власти нагласуваат дека долгорочно враќање во нормала ќе обезбеди само ефикасна вакцина против коронавирус.

Австралија потпиша договор за набавка на четири типови на вакцина, а владата планира да купи 33,8 милиони дози.

Коронавирус