недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Оваа 2020. една од трите најтопли години

Оваа 2020. една од трите најтопли години

Глобалното затоплување продолжи и во 2020 година, а според Светската метеоролошка организација, оваа година е една од трите најтопли, по 2016. и 2019 година.

Во исто време, од 1850 година, кога започна регистрирањето на температурите, најтоплите шест години се од 2015 година. И декадата од 2011 до 2020 година е најтопла во историјата.

Затоплувањето беше највидливо на Арктикот, каде температурите во Сибир беа во просек пет степени повисоки од вообичаеното, а највисоките од 38 степени беа забележани на 20 јуни. Тоа е исто така највисока температура измерена насекаде северно од Арктичкиот круг.

Периодот од јануари до октомври беше исклучително топол и во Европа, пренесува Би-Би-Си.

Глобалното затоплување продолжува да предизвикува затоплување во многу делови на светот, вклучувајќи го и Гренланд, каде оваа година исчезнаа 152 милијарди тони мраз.

Исто така, во 2020 година беа забележани рекордни 30 бури за време на сезоната на урагани во Северен Атлантик.

Коронавирус