недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Ова се новите симптоми на мутираниот коронавирус

Ова се новите симптоми на мутираниот коронавирус

Британски научници истакнаа дека е од клучно значење што е можно побрзо да се препознаат симптомите на зараза со новата мутација на коронавирусот, која брзо се шири низ Велика Британија.

Симптомите се слични како кај последната варијанта на коронавирусот: висока температура, постојано кашлање, губење на чувството за мирис, но и црвенило и израстоци на јазикот, пренесува британски „Експрес“.

Симптомите кај заразените со новата мутација на коронавирусот може да варираат од исклучително тешки до речиси незабележливи.

Американскиот експерт Ентони Фаучи истакна дека пациентите можат да чувствуваат отежнато дишење и болка во мускулите и зглобовите дури и откако вирусот ќе го напушти нивното тело.

Во извештај неодамна објавен во Велика Британија се вели дека постојат „реални можности“ кај заразените со новата мутација на коронавирус да е утврдена поголема стапка на смртност.

Иако податоците дефинитивно не потврдија поголема смртност, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека „постојат некои докази дека новата мутација на коронавирусот е поврзана со поголема стапка на смртност“, јави Си-Ен-Ен.

Коронавирус