сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 71
home Вести

Ова одлука доведе до огромен пад на БИТКОИНОТ

Ова одлука доведе до огромен пад на БИТКОИНОТ

Во изминатата недела најпознатата криптовалута паднала за високи 14 проценти.

По вчерашниот раст, пазарот на криптовалутите денеска забележал сериозен пад и во последните 24 часа е забележан “минус” од 3,3 проценти.

Вчерашниот потег на официјален Пекинг и Централната банка на Кина да ги прогласи за илегални сите трансакции кои се вршат со биткоин и останатите виртуелни валути, директно влијаел на вредноста на дигиталните валути. Тие навеле дека дигиталните валути директно ja попречуваат на работата на финансискиот систем и дека се користени за перење на пари и други прекршоци.

Така биткоин во последните 24 часа паднал за 3,7 проценти и со него моментално се тргува по цена од 42.796 долари. Меѓутоа, за една недела оваа криптовалута изгубила 9,4 проценти од својата вредност.

Етериумот исто така испратил тренд на пад на пазарот. Во последните 24 часа остварил пад од 5,3 проценти и моментално вреди 2,934 долари. Во минатите седум дена паднал за високи 14 проценти.

Локални избори 2021