среда, 8. декември 2021. Вести денес: 109
home Вести

Ова го може само обезбедувањето на Ким: Автомобилот се движи, а тие… (ВИДЕО)

Ова го може само обезбедувањето на Ким: Автомобилот се движи, а тие… (ВИДЕО)

Самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун заврши неуспешно.

Но, и овој пат, како и на претходниот самит, социјалните мрежи беа преплавени од фотографии и снимки од Виетнам, каде што се одржуваше состанокот, а најголемо внимание повторно предизвика обезбедувањето на севернокорејскиот лидер.

Познато е дека Ким има многу телохранители во своја придружба.

Сите беа облечени во костуми, и еден по еден, скокнуваа во автомобилите кои се движеа.

Не е јасно зошто толку брзаа, но го инспирираа Интернетот за многу коментари.

Тие се регрутирани од Корејската народна армија, мора да бидат со иста висина како лидер, да имаат добра вид, добро да пукаат со пиштол и да се занимаваат со боречки вештини.

Личното обезбедување на Ким е дел од Врховната гарда, која со децении го штити владејачкото севернокорејско семејство. (МИА)

Коронавирус