петок, 4. декември 2020. Вести денес: 124
home Вести

Ова е водителката која загина управувајќи електричен тротинет: Нејзиното момче откри каде одела кобниот ден, многу е тажно!

Ова е водителката која загина управувајќи електричен тротинет: Нејзиното момче откри каде одела кобниот ден, многу е тажно!

Момчето на Емили Хертриџ, која минатата седмица трагично загинала возејќи на електричен тротинет, признал дека тој и го купил по повод нејзиниот 35-ти роденден, само една недела пред самата трагедија.

-Џејкоб Хазел, момчето на телевизиската водителка и позната ЈуТјуберка Емили, која минатата седмица загинала возејќи се со електричен тротинет, открил детали кои и претходеле на страшната несреќа. Признал дека тој и го купил електричниот тротинет по повод нејзиниот 35-ти роденден, само една недела пред трагедијата, пренесува “The Sun”.

„Луѓето ми рекоа дека сум јас виновен за несреќата бидејќи сум го купил тротинетот, но не смеам така да мислам. Нејзиното семејство ми кажа дека не сум јас виновен”, изјавил Хазел.

Исто така, открил дека Емили загинала на пат кон клиниката за плодност. Откако задоцнила на термин кај лекарот, Џејкоб почувствувал дека нешто не е во ред. Настрадала откако со електричниот тротинет со кој се возела удрила во камион.

Носела шлем, а нејзиниот трагичен настан поттикнал бројни расправи за безбедноста на електричните тротинети.

„Требаше да основаме семејство. Срцето ми е скршено”, рекол Џејкоб.

Емили на ЈуТјуб каналот имала повеќе од 340.000 фанови, а секојдневно давала совети за љубов, мода, патувања…

Коронавирус