вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ова е првата задача која треба да ја исполни „Инсајт“ откако слета на Марс

Ова е првата задача која треба да ја исполни „Инсајт“ откако слета на Марс

НАСА потврди дека нејзиниот нов робот, успешно слета на Марс.

Истражувачкиот апарат Инсајт ќе ја проучува внатрешноста на Марс, што ќе биде првата ваква студија за некоја планета по Земјата.

Потврдата за слетувањето беше дочекана со воодушевување и славење во контролата на мисијата во Калифорнија. Роботот пратил серија информации за своето спуштање.

„Инсајт“ се наоѓа на голема рамнина. НАСА претходно ова подрачје го опиша како „најголемиот паркинг на Марс“.

Првата слика од „црвената планета“ пристигнала само неколку минути по слетувањето, прикажувајќи ја околината на роботот полна со прашина.

„Инсајт“ во атмосферата на Марс влегол со брзина поголема од движењето на куршумот, а потоа го намалил движењето со користење на топлотен штит, падобран и ракета.

Првата задача на „Инсајт“ е да ги рашири своите соларни плочи, кои биле собрани за време на слетување. Роботот мора да почне прво да произведува енергија за своите системи и да ја загрее опремата на температура под нулата.

Локални избори 2021