четврток, 22. април 2021. Вести денес: 93
home Вести

Ова е почетокот на масакрот во Москва: Автобусот на кој му откажаа кочниците влета во подвозник и газеше се пред себе (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Полицијата испитува две причини кои довеле до несреќата- возачот не успеал да го контролира возилото и технички дефект.
Ова е почетокот на масакрот во Москва: Автобусот на кој му откажаа кочниците влета во подвозник и газеше се пред себе (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Возачот на автобусот кој денеска влета во подземен премин за пешаци во Москва, при што загинаа пет луѓе, кажа дека се обидувал да закочи, но дека кочниците откажале, соопшти Истражниот комитет на Русија.

-Според зборовите на возачот, автобусот се наоѓал за станицата, кога неочекувано почнал сам да се движи.

Притоа, покрај неговите обиди да го застане автобусот, системот за кочење не работел и автобусот продолжил да се движи, се наведува во соопштението на Истражниот комитет на Русија.

Порано во текот на овој ден ТАСС објави, повикувајќи се на извор од Брзата помош, дека најмалку пет лица загинале, а повеќе од 10 биле повредени кога автобусот влетал во подземниот премин во Москва.

Од друга страна, руското Министерство за внатрешни работи потврди дека четири лица страдале во несреќата. Возачот на автобусот е задржан во притвор.

-Терористички напад е исклучен. Возачот не можел да го контролира своето возило, кажа извод од полицијата.

Полицијата испитува две причини кои довеле до несреќата- возачот не успеал да го контролира возилото и технички дефект.

Несреќата се случила во близина на метро станица, кога во преминот имало голем број луѓе.

Коронавирус