сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 35
home Вести

Ова е новиот лидер на Исламска држава

Ова е новиот лидер на Исламска држава

Исламска држава има нов лидер. Еден ден откако Аби Бакр ал Багдади изврши самоубиство за време на нападот на американските специјалци во Идлиб, за нов лидер е именуван Абдулах Кардаш.

Него самиот Багдади го именувал пред својата смрт за иден лидер на Исламска држава, јавуваат американските медиуми.

За Кардаш нема многу информации, се знае дека некогаш му служел на Садам Хусеин.

„Багдади беше само фигура, не беше вклучен во секојдневните операции. Тој само кажуваше да или не, кај него немаше планирање“, кажале избори запознаени со функционирањето на поранешниот лидер на ИСИС за Њузвик.

Професорот по блискоисточни студии на Универзитетот на Париз Жан Пјер Фили кажа дека смртта на Багдади е голем удар за Исламска држава.

„Сепак, неговата смрт би можела да има уште помало влијание од убиството на Осама бин Ладена на Ал Каеда“, додаде тој.

Иако ја поздравија смртта на Багдади како пресвртница во борбата против тероризмот, европските лидери истакнаа дека Исламска држава не е целосно победена, што е спротивно на ставот на претседателот на САД Доналд Трамп.

 

Коронавирус