вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Ова е мајката која ги уби своите пет деца, па се фрли под воз: Протекоа морничави детали

Ова е мајката која ги уби своите пет деца, па се фрли под воз: Протекоа морничави детали

Германската полиција вчера пронајде тела на пет деца во зграда во Солинген, на западот на Германија.

Имено 27-годишната мајка отрула пет од своите шест деца, пред да се обиде да си го одзеде животот со фрлање под воз.

Се фрлила на шините во Дизелдорф, на околу 30 километри од станот каде си ги отрула децата. Полициските извори говорат дека децата се отруени со таблети.

Умрените деца се три девочиња од 1, 2 и 3 години, како и две момчиња од 6 и 8 години. Шестото и најстаро дете, 11 годишниот син е жив и на сигурно.

Локалните медиуми јавуваат дека тоа одело со мајка му на воз кај баба му, а мајката излегла на станица во Дизелдорф каде и се фрлила под воз.

Портпаролот на полицијата, Штефан Вејанд, рече дека станува збор за трагична ситуација и додаде дека мајката се опоравува и сè уште не е во можност да биде испрашувана.

„Не знаеме како и зошто се случи ова страшно злосторство“, изјави Вејанд за локалните медиуми.

Коронавирус