сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 53
home Вести

Отворена канцеларија за врски меѓу Северна и Јужна Кореја

Отворена канцеларија за врски меѓу Северна и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја најавија отворање на канцеларија за врски меѓу двете држави, сместена во градот Кесон, како и посета на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин на Северна Кореја.

– Денес вртиме нова страница во историјата. Оваа канцеларија за врски е симбол на мирот, изјави јужнокорејскиот министер за обединување Чо Мун-кон.

Се очекува следен чекор во нормализацијата на односите меѓу двете Кореи да биде отворање и на амбасади во двата главни града, Сеул и Пјонгјанг.

МИА