четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 129
home Вести

Отштета од 215 милиони долари поради сексуално вознемирување студентки

Отштета од 215 милиони долари поради сексуално вознемирување студентки

Универзитетот на Јужна Каролина денеска објави дека начелно е постигнат договор да плати 215 милиони долари отштета поради гинеколог кој на Универзитетот сексуално вознемирувал студентки неколку години.

Во соопштението, потпишано од директорката на Универзитетот, Ванда Остин, се наведува дека договорот подразбира отштета од 2.500 до 250.000 долари на сите студентки кои тврдат дека гинекологот сексуално ги вознемирувал.

Како што е наведено, голем број студентки пријавиле дека гинекологот Џорџ Тиндал ги вознемирувал во периодот од 1988 до 2016 година.

Тиндал на Универзитетот работел како гинеколог околу три децении, а се пензионирал во 2017 година.

Тој ги демантира тврдењата. (МИА)

Коронавирус