вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Вести

ОТКРИЕНО ЗОШТО АСТРАЗЕНЕКА ЈА ЗГРУТЧУВА КРВТА Аденовирусот од вакцината ги привлекува тромбоцитните фактори

ОТКРИЕНО ЗОШТО АСТРАЗЕНЕКА ЈА ЗГРУТЧУВА КРВТА Аденовирусот од вакцината ги привлекува тромбоцитните фактори

Аденовируст кој се користи во вакцината АстраЗенека знае да го привлече тромбоцитниот фактор 4 што потоа предизвикува згрутчување на крвта, најчесто во мозокот и во црниот дроб, јавува Би-Би-Си. Дури 73 луѓе починале од компликации поврзани со вакцината од вкупните 50 милиони дози дадени во Велика Британија, а откако ова се расчу, многу земји, вклучително и Македонија вакцината ја даваа само на лицата постари од 60 години.

Тимови научници од Кардиф во САД во ново истражување пробаа да го опишат целиот процес на тоа како доаѓа до овие ретки случаи. Тие мислат дека тоа е верижна реакција која може да кулминира со ретки, но опасни згрутчувања.

Истражувањето уште трае. Портпаролката на АстраЗенека нагласи дека згрутчувањето е поверојатно поради инфекција со ковид-19 отколку поради вакцините и дека сè уште не е утврдено целосното објаснување зошто се појавуваат.

Аденовирусот привлекува важен протеин
Еве како вакцината против коронавирус развиена од Оксфорд и АстраЗенека може да предизвика ретки згрутчување на крвта.

Вакцината е направена од генетскиот материјал на коронавирусот и е комбинирана со вирусот на настинка.
Вакцината се инјектира во мускул, но понекогаш може да истече во крвотокот.
Може да го привлече тромбоцитниот фактор во крвотокот. Тоа е мал цитокин кој игра улога во заздравувањето на раните и воспалителните процеси.
Имунолошкиот систем во ретки случаи го заменува споменатиот тромбоцитен фактор со вирус, по што вклучува антитела за да го нападне.
Антителата и тромбоцитниот фактор 4 се акумулираат и стануваат предизвикувач за згрутчување на крвта

Врска помеѓу аденовирусот и тромбоцитниот фактор 4

Студијата објавена во списанието Science Advances покажа дека површината на аденовирусот го привлекува гореспоменатиот тромбоцитен фактор 4 кон себе како магнет.

– Аденовирусот има екстремно негативна површина, а факторот на тромбоцити 4 е исклучително позитивен и двете работи прилично добро се вклопуваат заедно – вели Алан Паркер, еден од научниците од Универзитетот во Кардиф, за Би-Би-Си Њуз.

Тој додаде дека успеале да најдат врска, но и дека тоа што досега го знаат е само причината, малиот тригер што го отпочнува згрутчувањето и дека има многу работи што мора да се случат во меѓувреме. Потребни се дополнителни истражувања.

Тромбозата е најчеста во мозокот и во црниот дроб

Докторот Вил Лестер, хематолог од Бирмингем, го пофали истражувањето.

– Многу прашања сè уште остануваат неодговорени, вклучително и дали некои луѓе се почувствителни од другите и зошто тромбозата е најчеста во вените на мозокот и црниот дроб, но одговорите може да дојдат со време и дополнително истражување – рече Лестер.

Тимот од Кардиф се надева дека нивните наоди може да се искористат за подобрување на вакцините базирани на аденовирус во иднина за да се намали ризикот од овие ретки настани.

Коронавирус