вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Откриено е што имало во сомнителните писма упатени до Пентагон

Откриено е што имало во сомнителните писма упатени до Пентагон

Во сомнителните писма што беа упатени на адреси во Пентагон немало рицин, туку рициново семе од кое се добива овој отров, соопшти денеска портпаролката на американското Министерство за одбрана, Дејна Вајт.

Пентагон вчера соопшти дека на адреси на негови службеници пристигнале писма за кои постои сомнеж дека содржат рицин.

Според неименуван извор од Пентагон, едно од писмата било испратено до американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, а второ до главниот командант за поморските операции адмирал Џон Ричардсон.

Специјални полициски тимови вечра интервенирале и во Изборниот штаб на републиканскиот сенатор Тед Круз во Хјустон, каде пристигнало писмо со бел прав.  Две лица ангажирани во штабот на Круз биле хоспитализирани како мерка на претпазливост, додека да се утврди за каков прав станува збор.

Во 2001 година починаа пет лица, а 11 беа затруени кога серија писма кои го содржеа отровот антракс беа испратени на адреси на конгрсмени. По овие напади, повеќето јавни институции во САД воведоа системи за проверка на писмата и пратките пред нивно отварање.

Рицинот предизвикува смрт од 36 до 72 часа од внесувањето мала количина и за него не постои противотров.

Коронавирус