четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Откриени три тони кокаин во подморницата запленета во Шпанија

Откриени три тони кокаин во подморницата запленета во Шпанија

Три тони кокаин се откриени во подморницата што беше запленета од страна на шпанската полиција, соопштија властите.

Националната полиција и Министерството за финансии соопштија дека ова е првпат шверцери на дрога да се обидат да ја пренесат до Европа со подморница.

Користењето подморници за шверц на кокаин е многу честа појава во САД.

Во меѓународната операција, во која беше запленета подморницата, учествуваа шпанската, португалската, американската и бразилската полиција.

Кокаинот од подморницата требало да биде префрлен на друг брод, но тричлениот екипаж ја напушти подморницата во саботата вечер кога беа пресретнати кај шпанскиот брег од страна на полицијата.

Двајца членови се од Еквадор и тие се уапсени на копно, а третиот успеал да избега.