понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

Откриени тајни документи: Клинтон спречил формирање на „Голема Србија“ и „Голема Хрватска“ (ФОТО)

Откриени тајни документи: Клинтон спречил формирање на „Голема Србија“ и „Голема Хрватска“ (ФОТО)

Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман заедно планирале формирање на „Голема Србија“ и „Голема Хрватска“ на сметка на муслиманите во Босна и Херцеговина, тврдел поранешниот американски претседател Бил Клинтон во разговорите со поранешните германски канцелари Хелмут Кол и Герхард Шредер во деведесеттите години. Ова го откриваат американските депеша од кои е тргната ознаката „доверливо“.

Како што пренесува „Република.рс“, во еден од разговорите Кол и Клинтон изразуваат загриженост дека Туѓман и Милошевиќ ќе ја поделат БИХ.

Тогаш ќе имаме Голема Србија и „Голема Босна“ и тоа и натаму ќе биде опасност-му велел Кол на Клинтон во 1995 година.

Клинтон на тоа одговорил:

САД сакаат да ја зацврстат муслиманско-хрватската федерација и не сакаме Туѓман и Милошевиќ да се догововараат зад грб на сите. Јас тоа ќе го спречам.