понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 80
home Вести

Откриена мрежа на интернет-измамници во Шпанија

Откриена мрежа на интернет-измамници во Шпанија

Шпанската полиција уапси 94 лица под обвинение за кражба на половина милион евра со помош на измама преку интернет, соопшти локалната полиција.

За таа цел, групата користела таканаречена СИМ размена, со која криминалците, откако го дознавале телефонскиот број на жртвата, барале реиздавање СИМ-картичката за да добијат на тој начин целосен пристап до банкарските сметки.

Полициската акција била спроведена во различни региони во земјата. Приведени се 94 лица под обвинение за измама, перење пари, вмешаност во криминални групи и фалсификување документи.

Украдената сума изнесувала 504,8 илјади евра, а само од една банкарска сметка биле повлечени 240.000 евра. (МИА)

Коронавирус