четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 89
home Вести

Откриена фабрика за лажни „ферари“ и „ламборџини“

Откриена фабрика за лажни „ферари“ и „ламборџини“

Бразилската полиција затвори илегална фабрика во која се произведувале лажни автомобили од марката „ферари“ и „ламборџини“.

Полицијата соопшти дека под обвинение за нарушување на индустриска сопственост биле уапсени татко и син, во чија сопственост била работилницата во бразилската држава Санта Клара.

Автомобилите биле нудени преку социјалните мрежи по цена од 45.000 до 60.000 долари, што е само мал дел од цената на оригиналните автомобили.

Полицијата не наведува кои видови делови биле вградувани во автомобилите, но објави фотографии од моделите со амблеми од двата италијански бренда. Рацијата била спроведена по жалбите од италијанските компании.

Запленети се осум делумно завршени автомобили, а полицијата се уште истражува колку возила се досега изработени.