недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Откриена е цената на вакцината од Оксфорд

Откриена е цената на вакцината од Оксфорд

Вакцината против коронавирусот која ја развива универзитетот во Оксфорд во соработка со АстраЗенек ќе чини помеѓу три и четири долари, пренесува британски Телеграф.

-Оксфордската вакцина е за целиот свет. Додека Фајзер и Модерсна соопштија дека успешно завршила третата фаза на тестирање, британскиот тим уште на стартот нагласи дека нивната цел е нивниот продукт да биде достапен низ целата планета. Не се работи само за вакцина која ќе може да се транспортира и складира на нормални температури, туку ќе биде достапа за сите, пишува Телеграф.

Целта која ја поставија научниците од Оксфорд е вакцината да биде достапна и за најсиромашните земји од светот.

Коронавирус