понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 80
home Вести

Откриен нов симптом на омикрон – ќе го откриете на веце школката

Откриен нов симптом на омикрон – ќе го откриете на веце школката

Центарот за контрола и превенција на болести потврди уште еден симптом кој го предизвикува омикронот.

Корона вирусот предизвикува многу различни симптоми, што е прилично збунувачки, но научниците секогаш се трудат да ги истакнат симптомите кои се јавуваат најесто, за луѓето да ги препознаат, да се тестираат и лекуваат на време.

За омикрон сојот, кој предизвика нов бран на пандемијата во светот, симптомите се поинакви во однос на претходните соеви, а ега Центарот за контрола и превенција на болести и Институтот „Џонс Хопкинс“ соопштил дека и дијареата може да укаже на заразата омикрон, пренесува The Sun.

Експертите велат дека дијареата кај околу 20 отсто од заразените се јавува набрзо после инфекцијата. Освен тоа, истакуваат дека овој симптом често се јавува кај заразени кои имаат послаб имунитет.

Останатите симптоми кои омикрон ги предизвикува се слични на настинка: течење нос, замор, болка во грлото, главоболка, малаксаност.

Коронавирус