вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Откажани серија активности на Европарламентот поради коронавирусот

Откажани серија активности на Европарламентот поради коронавирусот

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, преку формално писмо соопшти дека во наредните три недели институцијата ќе работи забавено во обид да се намали ширењето на Ковид-19.

Сите посети, лични или професионални, организирани од европратениците, како и настани, семинари и сослушувања ќе бидат откажани во наредниот период, но ќе продолжат да работат парламентарните комисии, како и редовната пленарна седница во Стразбур, со што не се попречуваат законодавните активности на пратениците.

Парламентот ќе им забрани пристап на сите лица кои неодамна посетиле еден од најзаразените региони во светот.

Парламентот потсетува дека Светската здравствена организација препорачува да бидат откажани сите големи собири во затворен простор.

На секое лице кое имало закажано било каква активност во парламентот, настан, посета, конференција, со исклучок на вработените во ЕП, му се забранува пристап до зградата на законодавниот дом на ЕУ.

Претставниците на акредитираните медиуми продолжуваат да имаат непречен пристап до парламентот, освен доколку биле неодамна во контакт со заразено лице или посетиле ризична зона.

Одлуката важи три недели, по што претседателот ќе одлучи дали треба да се пролонгира.

Коронавирус