понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Откажани летови, сообраќаен метеж, верижна сообраќајка – снежна бура во Јапонија

Откажани летови, сообраќаен метеж, верижна сообраќајка – снежна бура во Јапонија

Снежна бура во Северна и Централна Јапонија предизвика проблеми во сообраќајот и откажување авионски летови и возови.

Според локален весник, поради бурата, денеска се откажани 12 летови, десетици возови и 15 патнички бродови на островот Хокаидо.

Стотина автомобили се блокирани на магистралата во областа Јамагата, а утрово имаше и верижна сообраќајка во која учествуваа повеќе од десет автомобили. Во сообраќајни несреќи поради замрзнати патишта на островот се повредени десетина лица.

Поради нискиот атмосферски притисок над Охотско Море, Јапонската метеоролошка агенција предупреди за опасност од високи бранови, виулици и лавини на островот Хокаидо и крајбрежните зони на Јапонско Море до крајот на утрешниот ден.

Во Северна Јапонија и крајбрежните зони на Јапонско Море паднаа од 60 до 90 сантиметри снег во последните 24 часа, јави телевизијата Ен Ејч Кеј.

Коронавирус