недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Откажана посетата на американскиот министер за одбрана на Кина

Откажана посетата на американскиот министер за одбрана на Кина

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави синоќа дека САД научиле како да се носат во односите со Кина и дека не смета оти тој однос не се влошува по низата препреки.

Меѓу тие пречки, според неименувани официјални лица, е и откажувањето на посетата на Матис на Кина.

– Постојат тензии во тој однос, на основа на дискусии, кои се водени во Њујорк минатата недела и други работи кои се случуваат, ние не сметаме дека тој се влошува, им изјави Матис на новинарите на пат кон Париз.

Претставници на Министерството за одбрана на САД, кои побараа  анонимност,  велат дека Матис се откажал од планираната посета на Кина по растечките тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.

Иако немаште официјално соопштение, Матис планирал, заедно со државниот секретар Мајк Помпео, во октомври да оди во посета на Кина за да преговара за безбедноста со кинеските колеги.

Пентагон не издаде официјално соопштение за промената на планот.

Односите меѓу САД и Кина се влошија по трговските спорови и зголемувањето на царините, кои настапија по најновите воени операции на САД и неодамнешната продажба на американска воена опрема на Тајлнд.

Претходните години, воените врски меѓу двете земји беа донекаде стабилни, но се разнишаа поради низата овогодишни случувања.

МИА

Коронавирус