понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 39
home Вести

Откажан состанокот на Северна и на Јужна Кореја, најави и за откажување на самитот со САД

Откажан состанокот на Северна и на Јужна Кореја, најави и за откажување на самитот со САД

Северна Кореја соопшти дека морала да ги откаже разговорите со Јужна Кореја на највисоко ниво поради воените вежби на Јужна Кореја и на САД. Тие упатија закана дека поради тие вежби ќе биде откажан и самитот со САД.

Поради тие причини, властите во Пјонгјанг ги откажаа и за денеска предвидените разговори на високо ниво меѓу претставници на Северна и Јужна Кореја.

Северна Кореја не е заинтересирана за средба на врвот со САД, ако тие продолжат да инсистираат на еднострано откажување на Пјонгјанг од неговата нуклеарна програма, изјави севернокорејскиот прв заменик-министер за надворешни работи Ким Ге-гуан.

– Ние не сме заинтересирани за преговори, на кои ќе бидеме притиснати во агол и ќе ни се упатуваат барања еднострано да се откажеме од нуклеарното оружје. Не ни останува ништо друго освен да го преразгледаме прашањето за средба на врвот со САД, рече севернокорејскиот дипломат.

Тој исто така ги критикуваше изјавите на Вашингтон дека Северна Кореја треба целосно да се откаже не само од нуклеарната програма и балистичките ракети, туку и од своите биолошки и хемиски оружја.

Северна Кореја уште вчера се закани со откажување на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун превидена за 12 јуни во Сингапур, поради најавените јужнокорејско-американски воени вежби.

Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, Северна Кореја оценува дека воените вежби претставуваат проба за можна инвазија врз земјата.

– Оваа вежба во Јужна Кореја чија цел сме ние, претставува флагрантен предизвик за Декларацијата од Панминџон и намерна воена провокација насочена против позитивниот политички развој на Корејскиот Полуостров, се наведува во реакцијата на севенокорејските власти.

Во текстот натаму се додава дека САД „треба внимателно да размислат за судбината на планираниот Самит меѓу Северна Кореја и САД“, имајќи го предвид „провокативниот воен потег организиран заеднички со јужнокорејските власти”.

САД се запознати со извештаите на јужнокрејски медиуми дека Северна Кореја откажала планирани разговори на високо ниво со јужниот сосед, соопшти Белата куќа.

– САД ќе испитаат независно од тоа што Северна Кореја соопштила и ќе продолжат со координации со нашите сојузници, изјави Сара Сандерс, портпаролка на Белата куќа.

Стејт департментот соопшти дека нема никакви информации за тоа дали Пјонгјанг сака да го откаже планираниот самит на САД и Северна Кореја на кој би требало да се состанат лидерите на двете држави Доналд трамп и Ким Џонг-ун.

Пентагон тврди дека воената вежба е рутинска и со одбранбен карактер.

Одлуката на Северна Кореја да ги откаже денешните преговори на министерско ниво меѓу двете Кореи е достојна за жалење, соопшти јужнокорејското Министерство за национално обединување.

– Одлуката на Северна Кореја еднострано да ги одложи преговорите на високо ниво меѓу двете Кореи, истакнувајќи ја како причина годишната заедничка воено-воздухопловна вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, е спротивно на духот на Декларацијата од Панминџон и е достојна за жалење, изјави портпаролот на Министерството