петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Отишол на вакцинација со силиконска рака: Сакал со измама да дојде до Ковид сертификат

Отишол на вакцинација со силиконска рака: Сакал со измама да дојде до Ковид сертификат
МИА

Италијанец (50) од северниот регион Пиемонт се појавил на својата вакцинација против ковид-19 со лажна рака направена од силикон, по што веднаш бил фатен и сега се соочува со кривична пријава.

Вистинската рака ја фиксирал позади грбот, додека на медицинската сестра ја подал силиконската рака. Сестрата веднаш сфатила за што се работи.

Тој дури се обидел да ја убеди медицинската сестра да замижи и му даде документ.

-Да не беше трагично, ќе беше комично. „Но, во ситуацијата во која живееме, со загуба на животи, со толку многу финансиски тешкотии, тоа е навистина неприфатлив чин“, рече Алберто Сирио, претседател на регионот Пиемонте.

Инаку, Амазон продава силиконска рака за 488 евра, објавија локалните медиуми.

Коронавирус