четврток, 22. август 2019. Вести денес: 77
home Вести

Отишла да ги зголеми усните, а кога се разбудила изгледала како чудовиште (ВИДЕО)

Отишла да ги зголеми усните, а кога се разбудила изгледала како чудовиште (ВИДЕО)

29- годишната Рејчел Напијар за малку ќе останала без горната усна откако вбризгала ботокс.

Поради стара повреда имала грутка на усните и мислела дека ботоксот ќе го поправи тоа.

„ Беше добро, отидов во кревет, а кога се разбудив во два наутро го видов ова што и вие го гледате на сликите.Мојата горна усна го допираше носот. Притисокот и топлината која ја чувствував во усните беше неверојатна“ рекла таа.

Рејчел побрзала во болница, а таму медицинските сестри почнале да и се смејат.

„Не виделе ништо слично, реков дека имам алергиска реакција, бидејќи мислев дека се работи за тоа, но докторите ми кажаа дека всушност ботоксот ми бил вбризган во артериите“ рекла Рејчел.

По 72 часа полнењето се разградило и се се вратило во нормала.