среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Осуммина загинати во поплавите во Виетнам

Осуммина загинати во поплавите во Виетнам

Поројните дождови и големие поплави во јужните и централни делови на Виетнам предизвикаа осум жртви, јавија денеска локалните власти, пренесе ДПА.

Жртвите биле регистрирани во пет провинции во центрачниот планински регион, информираа од Комитетот за приордни несреќи и превенција.

Повеќе од 1.435 куќи и 10.199 хектари земјоделски култури се уништени, повеќето во провинцијата Лам Донг.

Во дел од овој регионот во ноќта меѓу понедленикот и вторникот наврнаа повеќе од 300 милилитри дожд.

Околу 220 семејства беа евакуирани во провинцијата Дак Нонг, поради стравувањата дека ќе дојде до пукање на браната на хидроцентралата Дак Лар.

Националниот Центар за метеорологија и хидрологија информира дека денеска се очекуваат уште поројни дождови, за од утре да почне постепеното смирување на ситуацијата.

Поплавите со смртни последици се честа појава во Виетнам. Управувачкиот комитет за природни несреќи и превенција информира дека минатата година во природните несреќи загинало 181 лице.

МИА

Коронавирус