четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Осуммина Украинци загинаа во страшна сообраќајка во Русија

Осуммина Украинци загинаа во страшна сообраќајка во Русија

Осум лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопат во централна Русија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила кога минибус, во кој биле девет лица, се обидел да претекне друго возило на автопатот во Псковската област, на околу 600 километри северозападно од Москва, по што се судрил со камион.

Во несреќата загинаа седум патници и возачот на минибусот, а еден патник и возачот на камионот се повредени.

Како што соопшти полицијата, загинатите се државјани на Украина.

Коронавирус