среда, 2. декември 2020. Вести денес: 171
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Осум војници загинаа во напад на талибанци во западен Авганистан

Осум војници загинаа во напад на талибанци во западен Авганистан

Вкупно осум војници загинаа во напад на талибански милитанти врз воена станица во западниот дел на Авганистан, во областа Бала Булук.

Како што јави агенцијата Анадолија, заменик-претседателот на областа Фарах, Дадулах Кани соопшти дека талибанските милитанти ја нападнале воената станица во местото Аб Хурма во подрачјето Бала Булук.

Во нападот животот го загубија осум војници, а десетмина биле заробени од страна на милитантите.

Талибанската страна во соопштението тврди дека по нападот е воспоставена контрола врз воената станица.(МИА)

Коронавирус