четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 99
home Вести

Оставка во француската влада

Оставка во француската влада

По превирањата и полемиката предизвикана од откритијата на Медиапарт, министерот за еколошка транзиција Франсоа де Ружи поднесе оставка „за да не ја ослабне еколошката акција” на владата, јавува дописникот на МИА.

Министерот за еколошка транзиција денеска пред премиерот ја претстави својата оставка. Од откритијата објавени на Медиапарт минатата среда, ситуацијата стана критична. Франсоа де Ружи е обвинет од страна на оваа интернет страница за организирање раскошни приватни вечери во Хотел де Ласе (резиденцијата на претседателот на Националното собрание), додека тој сѐ уште беше претседател на Националното собрание.

Емануел Макрон ја прифати „личната одлука“ на екологот.

Сега веќе поранешниот министер за еколошка транзиција, се обрати до јавноста со долг пост Фејсбук профилот во кој ја осуди „желбата да му се наштети, да се извалка, урне…“ од страна на Медијапарт и објави дека утринава веќе поднел „кривична пријава за клевета“.

Нападите и медиумското линчување на моето семејство денес ме наведе да ја преземам потребната дистанца – што сите ќе ја разберат, објаснува тој. Неопходната мобилизацијата за да се одбранам себе си е тоа што не можам да ја претпоставам мирно и ефикасно мисијата што ми ја доверија претседателот на Републиката и премиерот, потсетува Франсоа де Ружи.

Емануел Макрон, кој е во посета на Белград „побара од премиерот да се расветлат пишувањата на Медиапарт. На крајот од истрагата, мора да се направат „фактички предлози“. Франсоа де Ружи конечно не ги чекаше резултатите од истрагата за да ја даде својата оставка.

Непосредно по објавувањето на неговата оставка, Медиапарт објави нова статија за трошоците во мандатот на Франсоа де Ружи, додека тој сè уште беше член на парламентот. Според истражната веб страница, тој го искористи својот парламентарен додаток за да плати дел од неговите придонеси за Европа Екологија-Зелените, неговата поранешна партија, во 2013 и 2014 година. Нешто што во тоа време беше дозволено – што не е повеќе случај од 2015 година – но „етички не се препорачува“ од деонтологот на Националното собрание.