понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Оставка на шефот на Агенцијата за заштита на животната средина на САД

Оставка на шефот на Агенцијата за заштита на животната средина на САД

Директорот на американската Агенција за заштита на животната средина, Скот Пруит поднесе оставка од функцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека Пруит „исклучително ја извршувал работата“, додавајќи оти ќе му биде благодарен за тоа.

Пруит веќе неколку месеци беше критикуван поради кршење на етичките стандарди, а во февруари оцени дека глобалното затоплување можеби е добра работа за човештвото.

Против него се водат неколку истраги, а познат е и скандалот поради издавање на стан кој беше поврзан со лобисти за фосилни горива.

МИА

Коронавирус