среда, 19. декември 2018. Вести денес: 123
home Вести

Останале да живеат кај Чернобил и да јадат контаминирана храна: Погледнете како изгледаат овие баби (ВИДЕО)

Останале да живеат кај Чернобил и да јадат контаминирана храна: Погледнете како изгледаат овие баби (ВИДЕО)

Околу 350.000 луѓе беа евакуирани од Чернобил после нуклеарната експлозија во 1986 година. На радијација биле изложени 8,4 милиони луѓе. Меѓутоа, ги имало и оние кои решиле да останат без оглед на тоа што водата, воздухот и храната биле контаминирани, како што се овие баба.

Таа решила да остане таму и да ги убеди сите дека може да се живее без оглед на големата радијација, која е во градот присутна, а 400 пати поголема отколку во Хирошима по нукреарната катастрофа.

Луѓето затоа се сетиле и решиле да снимат филм за животот на оваа бабушка во Чернобил. Режисерите Холи Морис и Ана Богарт го истражиле тоа подрачје и дошле до податоци дека таму живела осум до 12 баби, во зависност од селото.

-Мене не ме плаши радијацијата. Ме плаши гладувањето, кажала оваа бабушка. „Доколку си одиш од овде ќе умре. Тие се во полоша положба отколку ние кои живееме овде. Татковината е татковина, никогаш нема да ја напушта, ниту со пушка ако ме бркаат“.

Еден од реакторите на електранта „Владимир Илич Ленин“- како што официјално се викала чернобилската нуклеарна електрана, експлодираше на 26 април 1986 година, во 1:24 часот после полноќ по локално време. На лице место настрадаа 31 лице.