понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Осомничениот за убиството во Питсбург се изјасни за невин

Осомничениот за убиството во Питсбург се изјасни за невин

Роберт Бауерс (46), осомничен за масовното убиство во синагогата во Питсбург, изминатиот викенд, кога загинаа 11 лица, денеска на суд се изјасни дека не е виновен.

Тој денеска, на второто рочиште, побара судење со порота.

На рочиштето рече дека го прочитал обвинението и ги разбрал сите обвиненија против него.

Во судницата влезе без инвалидска количка, со превиткано рамо, бидејќи беше повреден во престрелката со полицијата.

На првото рочиште беше во инвалидска количка и зборуваше малку.

Обвинението против Бауерс, осомничен за најсмртоносниот напад врз Евреи во американската историја, опфаќа обвинение за злосторство од омраза кон верници, за употреба на огнено оружје и за нанесување повреди на полицајци.

– Тој е обвинет по 44 точки, наместо по првичните 29, се наведува во вчера објавеното обвинението на Федералниот суд.

Бауерс во саботата влезе во синагогата и почна да пука со извикување „Сите Евреи мора да умрат“.

МИА

Коронавирус