сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Основан Фонд за жртвите на Џефри Епстајн

Основан Фонд за жртвите на Џефри Епстајн

Речиси една година по неговото апсење, основан е Фондот за жртвите на сексуална злупотреба на Џефри Епстајн. Жртвите на овој начин ќе можат да бараат надомест на штета од неговото богатство кое тој го остави по смртта. Пред годинашните загуби на финансискиот пазар, тоа се проценуваше на околу 636 милиони долари.

Многу од жртвите на сексуална злупотреба на Епстајн беа малолетни лица.

Одговорниот за Фондот, Џордан Филдман изјави дека е во контакт со адвокати што застапуваат 70-тина од жртвите на Епштајн, но и дека е можно да се појават повеќе жени кои ќе бараат да бидат обесштетени.

– Очекувам барањата да варираат од неколку илјади до неколку милиони долари, рече Филдман.

По минатогодишното апсење, Епстајн се изјасни за невин за сексуална злоупотреба и трговија со жени и девојчиња во Менхетн и на Флорида. Набргу по неговото апсење, Епстајн се обеси во неговата затворска ќелија. (MИА)

Коронавирус