среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 149
home Вести

Орбан: Законот „Стоп Сорос“ е добар и софистициран

Орбан: Законот „Стоп Сорос“ е добар и софистициран

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан пакетот закони под името „Стоп Сорос“ ги опиша како „фино и софистицирано правно дело“, пренесува МТИ.

Тој во интервју за радио „Кошут“ изјави дека ќе биде тешко кој било да пронајде грешка во парламентарната одлука која ја поддржуваат околу 80 до 90 отсто од унгарските пратеници.

Орбан рече и дека на Унгарија и е потребна добро опремена армија без обѕир на проблемите со миграцијата.

-Ако Унгарија денес се соочи со оружана закана, нејзината војка би имала ограничена можност за противнапад, рече унгарскиот премиер.

Коронавирус