вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Орбан: Унгарските граници остануваат затворени

Орбан: Унгарските граници остануваат затворени

Унгарија и натаму ќе ги задржи своите граници затворени и ќе ги направи маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции за да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Британските медиуми пренесуваат дека Орбан кажа дека вториот бран од пандемијата се очекува да го достигне врвов околу декември или јануари.

Унгарскиот премиер истакна дека неговата влада поставила ограничување на цената на тестовите на Ковид-19 од 19.500 форинти (54 евра).

Коронавирус