четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 153
МЕГА БОМБА

АУДИО: Заев вели дека се договарал со Мијалков и знаел дека Шилегов бил криминоген

Во живо

Мицкоски и Мисајловски ја промовираат програмата во скопски Чаир

home Вести

Орбан: Унгарија научи дека не мора да ѝ се допадне на уморната бриселска елита

Орбан: Унгарија научи дека не мора да ѝ се допадне на уморната бриселска елита

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во обраќањето до нацијата во неделата рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ допадне на „уморната бриселска елита“, истакнувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

„Во последните десет години научивме дека Европа не е во Брисел… Европа сме ние и ние не мораме да ѝ се допаднеме на заморената бриселска елита… Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднината на Европа“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува новинската агенција MTI.

Орбан подолг период е во судир со бирократите во Брисел, ги критикува политиките, особено во однос на мигрантските политики кои ги спроведуваат челниците на Европската унија, како и со Европската народна партија (ЕРР) која времено го суспендираше членството на неговата партија Фидеш.

„Имаме проблеми со Европската унија и тие проблеми произлегуваат од различниот пристап како да се изгради Европа“, изјави Обран на конференцијата на европска десница на почетокот од февруари во Рим.

Европскиот парламент минатата година ја критикуваше Унгарија поради наводно назедување на правната држава во оваа земја, но нема мерки како во случајот на Полска. Европската нардона партија исто така минатата година беше супсендирана во ЕРР, а годинава ја продолжи суспензијата.

Орбан од својата страна во неделнот изрази и задоволство од тоа што Унгарија пронашла „заеднички темели“ со соседните земји Хрватска, Словачка, Словенија и Србнија, и во позицијата е со нив да оди во поширока соработка и да остварува сојузи.

„Историјата повторно им даде на народите од централна Европа шанса да изградат нов сојуз втемелен на нивните сопствени национални интереси, кој би ни овозможил да се браниме од заканите и од истокот и од западот“, рече унгарскиот премиер Орбан.

Истакна дека фактите покажуваат дека последната деценија ги претставува најуспешните десет во последните сто години од унгарската историја.

„Нашата земја знае дека Унгарија доаѓа прва“, порача Орбан.

„Правата на насилните криминалци станаа поважни за носителите на одлуките (во ЕУ – з.р.) од правата на граѓаните кои го почитуваат законот. Тие се подготвени да ги бранат соторителите наместо жртвите. Овој опасен феномен сега стаса и до Унгарија и ние сме во сериозни дискусии и меѓународни спорови“, рече Орбан.

Парламентарни избори 2020