петок, 27. мај 2022. Вести денес: 109
home Вести

Орбан: Унгарија ќе побара зголемување на испораките на руски гас

Орбан: Унгарија ќе побара зголемување на испораките на руски гас

Унгарија ќе побара зголемување на испораките на руски гас во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин следната недела, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Унгарија, членка на ЕУ и НАТО, во август потпиша нов долгорочен договор за снабдување со гас со руски Гаспром.

Орбан, кој го очекуваат неизвесни избори на 3 април, ги отфрли повиците на здружената опозиција да се откаже посетата на Путин, која е закажана за вторник, 1 февруари.

„Би сакал да ја зголемам количината на гас што се испорачува во однос на нивото што е усогласено со руско-унгарскиот договор за гас“ – изјави Орбан за јавното радио.

Тој додаде дека во разговорите ќе укаже на тешкиот товар на високите цени на енергенсите и дека треба да се зголеми количината на гас што Унгарија ја добива на долг рок.

Договорот е склучен на 15 години, а предвидува годишна испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас за Унгарија.

Договорот стапи на сила во октомври со опција за промена на купената количина по 10 години.

Резервите на природен гас во Унгарија на 15 јануари беа на 43 отсто.

Коронавирус