вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 107
home Вести

Орбан предлага нов закон: На геј паровите да им биде забрането посвојувањето, воспитување на децата „во склад со христијанството“

Орбан предлага нов закон: На геј паровите да им биде забрането посвојувањето, воспитување на децата „во склад со христијанството“

Унгарската влада подготвува нацрт закон со кој на истополовите бракови би им се забранило да посвојуваат деца.

Организациите за заштита на човековите права предупредија дека тоа е напад на ЛГБТ заедницата во моментите кога поради пандемијата на коронавирусот се забранети собири и протести.

Истовремено, владата на премиерот Виктор Обран предлага уставен амандман кој налага децата да се воспитуваат во склад со христијанското учење за родовите улоги.

Со новиот закон, посвојувањето на деца во Унгарија ќе им биде дозволено само на венчаните хетеросексуални парови.

Извор: Точка.ком.мк

Коронавирус