вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 168
home Вести

Орбан: Од полноќ вонредна состојба во Унгарија, во сила т.н. полициски час

Орбан: Од полноќ вонредна состојба во Унгарија, во сила т.н. полициски час

Унгарската Влада повторно воведува вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот, која стапува во сила на полноќ, и ќе трае 90 дена, соопшти премиерот Виктор Орбан.

Баровите и местата за забава се затвораат и се воведува ноќен полициски час. Училиштата, продавниците и рестораните остануваат отворени.

Во видео порака на Фејсбук, Орбан објави дека вонредната состојба ќе трае 90 дена, пренесува МТИ. (МИА)

Коронавирус