сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Орбан на разговори со Путин

Орбан на разговори со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Москва и се заблагодари на Русија за добриот развој на билатералните односи и рече дека Унгарија секако е еден од клучните европски партнери на Русија.

Орбан е во посета на Москва каде се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, кој го поздрави зголемувањето на трговската размена меѓу двете земји и инвестициите кои изнесуваат околу милијарда долари.

Двете страни ќе одржат и средби во поширок формат, со учество на министрите за надворешни и внатрешни работи, економија и енергетика.

Русија гради реактори во нуклеарната централа Пакс во Унгарија во зделка чија вредност се проценува на повеќе од 10 милијарди евра. (МИА)

Коронавирус