недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Орбан и порача на ЕУ: Мојот народ ми е подраг од мигрантите

Орбан и порача на ЕУ: Мојот народ ми е подраг од мигрантите

Виктор Орбан, првиот човек на Унгарија, влезе во сериозна кавга со Европската Унија поради депортацијата на 10.000 мигранти во Србија.

ЕУ веќе 4 години го критикува Орбан поради миграциските политики кои тој ги води.

ЕУ побара од невладиниот сектор во Европа да испрати официјална протестна нота до Будимпешта поради како што они тврдат, несовесното однесување кон мигрантите.

Брисел се противи на одлуката на Унгарија  да продолжи со моделот на физичко затворање на границите по примерот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак Виктор Орбан и покрај протерувањето на Соросовите фондации кој се бори за правата на мигрантите, продолжи да ги затвора организациите кои пак се финансираат од ЕУ фондовите  а ја критикуваат Унгарија за нивните политики.

-Мојот народ ми е на прво место. Унгарците ми се подраги отколку мигрантите. Луѓето имаат право легално да влезат во земјава со комплетна документација. Можат ако сакаат да побараат азил или да продолжат со нивното патување, но заедно со нашите безбедносни служби кои ќе им направат комплетна безбедносна проверка, на друг начи нема да може, рече Орбан во својата изјава.

Коронавирус