сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Орбан: Ги разоткривме плановите на Брисел, па сега ни се лутат

Орбан: Ги разоткривме плановите на Брисел, па сега ни се лутат

Унгарската Влада би можела да продолжи со медиумската кампања против институциите на Европската Унија, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека неговата партија „Фидез“, оди кон изборите за Европскиот парламент, кои се одржуваат на 26 мај.

Европската народна партија во средата изгласа суспензија на партијата на Орбан, „Фидез“, поради загриженост дека партијата го крши начелото на ЕУ за владеење на правото.

Тој чекор делумно предизвика медиумска кампања од Орбан во која тој го нападна претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункр, нарекувајќи го заговорник на масовната миграција и кукла на конец на американскиот милијардер и глобален активист, Џорџ Сорос.

Орбан ги прекина медиумските напади и се извини на членовите на Европската комисија.

„Луѓето малку се лутат на нас во Брисел, зошто на почетокот на изборната кампања за европски избори, водевме информативна кампања во Унгарија, суштински разоткриваји што планирал Брисел. Ги разоткривме, па природно е да се лути“ рекол Орбан.

Унгарскиот премиер честопати се сурувал со ЕУ, поради антиимигранстаката кампања и правосудните реформи.

„Наша работа е непрекинато информирање на луѓето за тоа што Брисел планира да прави“ порача Орбан.

Коронавирус