недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Орбан: Европските избори во 2019 година ќе навестат почеток на христијанската демократија

Орбан: Европските избори во 2019 година ќе навестат почеток на христијанската демократија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека десничарските партии ќе имаат голем успех на претстојните избори за Европскиот парламент, што ќе придонесе за подем на христијанската демократија и за крај на либерализмот. Во своето обраќање до Унгарците од соседна Романија во Баиле Туснад, премиерот Орбан рече дека изборите во 2019 година ќе бидат клучни за иднината на Европа.

– Големата цел на западната ЕУ „елита“ е да ја трансформираат Европа, да не однесат во пост-христијанската ера, во ера во која нацијата исчезнува. Овој процес може да биде запрен на европските парламентарни избори. Во наш суштински интерес е да ја запреме оваа трансформација, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер рече дека политичките групи кои се претставуваат под паролата „либерална демократија“ дејствуваат недемократски и не прифаќаат никакви спротивни гледишта. Орбан рече дека христијанската демократија за која што се залага тој не е либерална, туку е илиберална.

– Се соочуваме со еден голем момент, кога и велиме збогум не само на либералната демократија туку и на елитата од 1968 година, изјави Орбан, алудирајќи на поранешните студентски активисти кои сега се на водечки функции во Европа.

Коронавирус