среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Орбан денеска ќе се сретне со Трамп

Орбан денеска ќе се сретне со Трамп

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за трговски и енергетски прашања, вклучувајќи и продажба на оружје.

Американски официјални претставници изразија загриженост поради антисемитизмот во цела Европа, вклучително и во Унгарија, и поради ставот на Орбан против мигрантите, јави ДПА.

Тие изјавиле дека Трамп ќе изрази загриженост во врска со европската зависност од руската енергија и за „вечните“ прашања во  врска со сојузниците на НАТО кои не ги исполнуваат целите за трошоци во одбраната.

Американскиот претседател, исто така, ќе дискутира и за загриженоста околу кинеските телекомуникациски компании кои ќе добијат пристап до европските пазари, кои Вашингтон ги смета за закана за безбедноста.

Коронавирус